Македонска Стрелба

На бугарската верзија на Википедија најдовме интересна статија. Станува збор за терминот “Македонска стрелба” или “македонски дуел” или “стрелба по македонски”. Под овој термин се подразбира кога ќе се извлечат два револвери, по еден во двете раце, ќе се испружат рацете напред и палците ќе се допрат еден со друг. Експертите тврдат дека при ваква стрелба се зголемува прецизноста и разорната моќ, поради тоа што торзото е фиксирано и лесно се забележува доколку едниот револвер не нишани во посакуваната цел.

Овој начин на пукање го добил името по македонските доброволци во руската армија за време на руско-турската војна. Таму, при нападите, најпробивни биле македонците.
Овој термин сега се користи во сите воени доктрини и реномирани воени академии во светот.

Интересно е тоа што доколку напишете на google, macedonian shooting ќе ви излезе истата статија под наслов Dual wield но никаде не се спомнуваат македонските доброволци кои први го практикувале ова, но за волја на вистината и нема наведено кој прв го практикувал овој начин на пукање. Најверојатно станува збор за историски факти кои русите ги објавиле.
Alison_Carroll_20080927_Festival_du_jeu_video_02 (1)

- Реклама -