По завршувањето на циклусот во Лигата на Нации, македонската фудбалска репрезентација го обезбеди своето место во третиот шешир за претстојните квалификации за Светското првенство во 2026 година. Ова е резултат на одличните настапи во групната фаза, каде Македонија запиша пет победи и едно реми против Летонија, Ерменија и Фарски Острови.
Нашата селекција е дел од третиот шешир заедно со репрезентациите на Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Израел, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ова значи дека овие селекции нема да бидат можни противници во групната фаза.
Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 13 декември во Цирих, а квалификациската фаза ќе започне во март 2025 година. Европските квалификации ќе се играат во 12 групи, од кои шест ќе имаат по четири репрезентации, а останатите шест по пет. Првопласираните од секоја група ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство, додека второпласираните ќе играат баражи.
Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија.Втор шешир: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Норвешка.Трет шешир: Македонија, Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Израел, Босна и Херцеговина, Црна Гора.Четврти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.