Македонија вечерва ќе ја избере песната за на Евровизија!

Овогодинешната Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија, а Македонија вечерва ќе одлучи кој ќе замине на музичкото патување.

Скопскиот фестивал ќе се одржи во „Метрополис арената“ во 20:30 часот, а ќе го пренесува Македонската телевизија.

Според програмата, ќе бидат отпеани 20 композиции.

Кои изведувачи ќе се борат за наградата?

Лена Златкова, Тања Царовска, Даниел Кајмакоски, Вера Јанковиќ, потоа дуетот Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, Евгенија Чанчалова Еги, Александра Михова. Потоа има уште еден дует, а тоа е Лидија Кочовска со Маријан Стојановски, потоа Јоце Панов и повторно два дуети, Сања Керкез со Горан Наумовски и Тони Михајловски со Александар Тарабунов. По нив настапува Александра Јанева, Мијата, Тамара Тодевска, Сања Ѓошевска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Верица Пандиловска, Нина Јанева, а како последен настапува Димитар Андоновски.

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Ќе се гласа телефонски и со жири комисија.

Првото место освен настапот на  Евровизија, ќе добие и 20.000 евра, додека 15.000 се резервирани за второто место и 10.000 за третото.

Среќно на сите 🙂

- Реклама -