Македонија се најде на листата на 28 дестинации вредни да се посетат во 2019 година

Национална географија неодамна ја предложи Македонија како една од 28 дестинации за најдобрите патувања во 2019 година.

Земјата ја опишаа со кратки неколку реченици: Македонија нема излез на море, но е многу богата со планини и езера. Високи врвови, длабоки клисури и водопади ги красат трите национални паркови во земјата: Галичица, Маврово и Пелистер.

Се поставува прашањето, како Македонија се најде на листата на 28 дестинации вредни да се посетат во 2019 година.

„Всушност Македонија беше на нашиот радар во последните неколку години. Секогаш бараме места кои можат да се опишат во суперлатив. Оваа година Македонија ни го привлече вниманието и со дебатата за промена на името. Македонија ја сместивме во категоријата на авантуристички дестинации, иако земјата има многу археолошки, историски и културни богатства, сакавме да ја нагласиме нејзината авантуристичка страна,“ вели Алипио за Гласот на Америка на македонски.

Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција го привлеко вниманието на „Нешнл географик“ пред да одлучи Македонија да ја стави во топ-28 дестинации за патување во 2019-та.

Неодамнешните вести за долготрајниот спор на Македонија со Грција го свртија вниманието кон малата балканска нација, пишува во најновото издание на Национална географија кое ја предлага Македонија како една од 28 дестинации за најдобрите патувања во 2019 година

- Реклама -