Македонија поразена од Шкотска

Македонија со резултат од 1:2 изгуби од Шкотска на последниот натпревар пред нашите навивачи во квалификациите за Светското првенство 2014.

Сега на македонските фудбалери им останува само да ја избегнат последната позиција во групата.

Во првото полувреме од натпреварот на арената Филип Втори се издвои голманот Томе Пачовски кој успеа да го чува голот празен во првите 45 минути. Во последните 10 минути нашите фудбалери имаа пет акции, но за жал нереализирани.

Стрелци за Шкотска беа Аниа и Малони, а голот за македонската репрезентација го даде Костовски.

- Реклама -