Македонија поразена на гостувањето кај Шведска

Македонската фудбалска репрезентација доживеа минимален пораз од 1-0 на гостувањето кај Шведска со гол постигнат од фудбалерот со македонско потекло, Александар Качаниклиќ.

Македонија беше надиграна и поразена на гостувањето кај Шведска, слабо издание на македонските фудбалери.

Шведска доминираше во текот на целиот натпревар, создаде неколку убави шанси од кои искористи само една.

Тимот на Чеде Јаневски ослабен со неиграње на неколку фудбалери не успеа да создаде посериозна можност за гол.

Клучниот момент се случи во 39. минута кога по асистенција од Златан Ибрахимовиќ, Качаниклиќ со глава реализираше за водство од 1-0.

Неколку минути подоцна истиот фудбалер ја погоди и пречката од голот на Томе Пачовски кој одлично бранеше во првиот дел.

Во второто полувреме меѓу стативите на нашата репрезентација застана Наумовски кој беше на висина на задачата.

Средниот ред повторно беше болната точна во нашиот тим, тешко креиравме шанси, се обидовме само неколку пати со удари од далечина.

Имавме и неколку ветувачки акции кои одбраната на Шведска не дозволи да се реализираат.

Следниот натпревар на македонската репрезентација е гостувањето кај Норвешка во Осло на 11. јуни.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -