По повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово, Владата на Република Македонија на вонредна седницa ги прогласи 10-ти и 11-ти мај, недела и понеделник, за денови на жалост.
Знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје, а денес, меѓу 15 и 16 часот, група граѓани ќе запалат свеќи на тревникот пред Сообранието на Р.М., во знак на вечна почит и последен поздрав со осумте загинати бранители во акцијата за сузбивање на терористите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) им даде насоки на радиодифузерита како да ја прилагодат програмата на деновите на жалост.
„Прилагодувањето на програмата за овие денови значи забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија, планирани да се емитуваат овие два дена да се прераспоредат за други денови од седмицата“, се вели во насоките.
Екипата на 365.com.mk изразува искрено сочуство до семејствата на загинатите бранители. ВЕЧНА ИМ СЛАВА!