Македонија очекува милион туристи до крајот на 2018

Стратегијата за развој на туризмот во Македонија ги дава посакуваните резултати, оценува министерот за економија Крешник Бектеши.

Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи, кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања.

Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 отсто во споредба со истиот период од минатата година при што кај домашните туристи има зголемување за 9,3 отсто, а кај странските за 19,8 отсто.

Целта е до крајот на оваа година да оствариме милион туристи, а оваа бројка да биде нормална и очекувана во следните неколку години, со што туристичкиот сектор ќе учествува со 3% во бруто-домашниот производ.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?
- Реклама -