Коронавирусот е умрен! Затоа, во изминатите 24 часа досега се потврдени околу 100 нови случаи на Ковид-19, информираат од Институтот за јавно здравје за МИА. Притоа, сѐ уште се работат и други земени брисеви, што остава можност бројката да биде уште поголема.
Според неофицијални информации на „Канал 5“, бројката ќе биде меѓу 110 и 120 новозаразени.
Сите досегашни информации велат дека денешниот ќе биде втор ден со трицифрен број на новозаболени уште од почетокот на епидемијата во земјава па наваму. Над 100 новозаразени имавме само еднаш, кога во текот на деноноќието 15-16 април ИЈЗ регистрираше 107 нови случаи на Ковид-19. Со оглед на досегашните најави, денешната бројка може да биде неславен рекорд и најголема бројка во земјава, во период кога најголем дел од земјите во светот и регионот бележат опаѓање на бројот на нови случаи и стивнување на пандемијата.
Инаку, според неофицијалните информации на „Прес 24“, најмалку 59 од новодијагностицираните се од Скопје.
Поради загрижувачките бројки денес, но и претходните денови, денеска се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав, пренесува МИА.