Македонија ќе остане без квалитетните кадри од ИТ секторот, ако не се промени даночната политика, алармираат бизнисмените. Велат државата мора сериозно да размисли околу прогресивниот данок, зашто голем дел од информатичарите размислуваат да ги спакуваат куферите и да купат билет во еден правец.
Надлежните од овој сектор велат дека законската регулатива е престрога, и наместо да им помогне, им одмага на информатичарите. Се пожалија дека земјава свесно си ги брка програмерите надвор.
– Мораме да го задржиме чекорот на развој со останатите држави во светот. Едноставно, економијата не почитува граници. Како што знаете, секој млад човек кој ќе излезе од Електро-факултет, ја има шансата да замине од државата. Нашата цел е да ги задржиме тука, а не да ни бегаат надвор, рече Александра Чавдаревска Лазова од МАСИТ.
Дел од бизнисмените сведочат дека по воведувањето на прогерсивното одночување од стартот на годинава, морале на ваков начин да најдат решение за зголемените давачки. Станува збор за услужни компании, најмногу од ИТ секторот. Со ваков проблем се соочуваат и дел од земјите од соседството, и велат дека ќе направат се, за програмерите да останат во својата земја.
И земјите од регионот се соочуваат со слични проблеми. Платата во Хрватска на еден програмер се движи од 1.500 до 2.000 евра, зависно од компанијата, но во секторот мора постојано да се инвестира.