Нашите млади надежи до 19 години ги загубија сите шанси за пласман на Европското првенство, а дуелот со „гордиот албион“ се играше само за престиж. Мисијата е остварена.
Репрезентацијата на Македонија против големиот фаворит поведе уште рано во натпреварот, во ‘3 минута, и тоа не било како, туку со извонреден гол со ножички на Јани Атанасов, по исто така одличната асистенција на Тодороски од десната страна.
Овој на Јани е досега најубавиот гол од турнирот од квалификациите на УЕФА за ЕП кој се игра во Скопје.