Првата пратка од 7.000 компјутери со Ubuntu Linux е испратена во
македонските училишта, а наскоро се очекува и сите 20.000 компјутери да
стигнат до учениците.
Првата пратка од 7.000 компјутери со Ubuntu Linux е испратена во македонските училишта, а наскоро се очекува и сите 20.000 компјутери да стигнат до учениците.
Преку програмот „Компјутер за секое дете“, македонското министерство за обрзование и наука планира да ги дистрибуира овие PC-ја во основните и средните училишта.
„Ова е најголемиот и најважен едукативен проект во 15-годишната историја на Македонија“ – вели Иво Ивановски, македонскиот министер за информатичко општество.
Учениците ќе користат Edubuntu верзија која е специјално направена за употреба во училиштата.