Македонија има финалист на ЕП во атлетика: Стојоски во финалето на 400 метри во Шведска

Единствениот македонски преставник на Eвропското атлетско првенство под 23 години, кое се одржува во Гафле (Шведска), Јован Стојоски настапи со исполнети норми во дисциплините 200 и 400 метри.

Стојоски во полуфиналето трчаше во првата група и со време од 47.02 секунди заврши на третото место, доволно за пласман во финалето. На тој начин успеа да се запише како прв Македонец во финале на еден континентален собир.Претходно во квалификациите Стојоски истрча со време од 47.68 секунди.

Финалето на 400 метри ке се одржи денеска со почеток од 18:32 часот.

- Реклама -