Македонија 40-та најбезбедна во светот, благосостојбата и напредокот на граѓаните се нераскинливо поврзани со безбедноста – порача Спасовски

Според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП), Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, а 40-та најбезбедна во светот.

Безбедносниот аспект игра голема улога во напредокот на државата и благосостојбата на граѓаните, смета министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, кој на Фејсбук посочи дека пред само неколку години Македонија била на 71. место во светот.

„Цврсто сум уверен дека напредокот на Република Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба“, напиша Спасовски.

„Денес, професионалноста и посветеноста се водилка во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата.

Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните. Резултатите се гледаат и од истражувањата односно анкетите, но и од статистиките кои покажуваат намалување на криминалитетот. Продолжуваме понатаму со несмалено темпо, во служба на граѓаните“, додаде министерот.

- Реклама -