Македонец со велосипед ја мина Европа

delco_pМакедонскиот велосипедски маратонец Делчо Ангелов (54) го извозе најголемиот рекреативен маратон во светот: за 55 дена го мина целиот европски континент.


delcooМакедонскиот велосипедски маратонец Делчо Ангелов (54) го извозе најголемиот рекреативен маратон во светот: за 55 дена го мина целиот европски континент.

Ангелов маратонот го почна на 17 мај од швајцарскиот град Таферс, каде што живее и го заврши по изминати речиси 14.000 километри низ 26 европски држави. Во рамките на турнејата тој ја посети и Македонија и родното Свети Николе. Тој во просек дневно возел по 272 километра.

– Не беше воопшто лесно да се извозат речиси 14.000 километри со велосипед само за 50 дена. Важно е дека ја освоивме Европа и се надевам дека успеав во мојата цел да ја промовирам Македонија во најдобро светло и да ги мотивирам младите да успеат во тоа што го сакаат – изјави Ангелов. [delcoangelov.com]

виа.

- Реклама -