Македонците најмалку се хранат во регионот

film.machinistПросечниот македонски граѓанин годишно на храна троши 409 долари, со што е на дното во споредба со другите земји во регионот.


machinist_150Просечниот македонски граѓанин годишно на храна троши 409 долари, со што е на дното во споредба со другите земји во регионот.

Според истражувањето објавено во "Вечерње новости", на врвот на оваа листа се наоѓа Унгарија, чиј просечен граѓанин годишно на храна троши 2.012 долари, следуваат Хрватите (1.686), Словенците (1.550), Босанците (1.525), Романците (1.364), Црногорците (943), Бугарите (791) и Србите (675). Слична е состојбата и по потрошените пари за безалкохолни пијалаци. И овде просечниот Македонец се наоѓа на последното место со потрошени 12 долари годишно за оваа намена, додека на прво место е Унгарецот со потрошени 227 долари.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Македонија се наоѓа на дното и по тоа колку просечниот граѓанин годишно троши на лична хигиена, за што издвојува само 20 долари.

виа.

- Реклама -