Мајсторијата на Ванчо Димовски со која ја крена цела сала на нозе (ВИДЕО)

Актуелната македонска ракометна репрезентација ги победи ветераните во спектаклот вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, на кој им се оддаде признание на сите легенди кои ги постигнаа најголемите успеси на македонскиот ракомет, па шоуто во еден момент го украде легендарниот пивот – Ванчо Димовски.

Со мајсторска шрауба од девет метри ја крена салата на нозе и го постигна голот на вечерта.

- Реклама -