Иако по потекло не е од Јапонија – татковината на уметноста на оригамите, Шпанецот Гонзало Гарсија Калво се справува неверојатно добро во овој занает.
Некои од неговите дела изгледаат толку сложени и тешко е да се поверува дека се преклопени само од еден лист хартија.
Неговата омилена тема очигледно се животните, иако создава и фигури како виолина, пијано и други. Погледнете ги исклучително прецизните дела на Гонзало чија работа сигурно бара многу трпение.