Мајорка, азурна егзотика која вреди да се посети

Рајската убавина олицетворена во Мајорка, која е најголемиот шпански остров, претставува една од најстарите европски туристички дестинации, која често ја нарекуваат „Стара дама“.

Кристално чисто тиркизно море, километри рајски брег со „свилен“ бел песок, кој изгледа како најмек ќилим, заливи како од бајките, лагуни и пештери кои ги нудат сите услови за лето кое се памети.

27_04_Majorca-Spain3

Шпанците, поточно жителите на Мајорка, покрај убавината која природата им ја дала, ја знаат и формулата за успешен туризам, кој на островот е во експанзијата е од средината на минатиот век.

Фасцинантната природа, тристотини сончеви денови годишно, градови и места како насликани, идилични села и најмодерни клубови и кафулиња, љубезно население, темпераментни луѓе и ритамот на летото и музиката, заводливи вкусови на храна и сангрија, се описот на Мајорка.

27_04_Majorca-Spain4

Таа магија на Мајорка, бисер на Медитеранот, која е позната и по своите познати вештачки бисери, е комбинација на убавината на природата, кадек покрај преубавото море е и планинската идила Трамунтане. Водата е чиста и идеална за пливање и спротови како што се нуркање, параглајдерство, ловење, едрење, па дури и сурфање.

Прочитајте и:  Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона (ФОТО/ВИДЕО)

Палма де Мајорка е најголем град и пристаниште на островот Мајорка. Тоа е многу модерно место чии улици и градби се со богата историја и култура. Една од најпознатите атракции се наоѓа во близината на пристаништето каде што се кралската палата, импресивна Сеу катедрала, која ја реконструирал Гауди, градскиот пазар…Исто така тука е шпанско село со реплика на куќи, палати, тврдини и други знаменитости типични за архитектурата на различни региони на Шпанија.

27_04_Majorca-Spain5

Ел Аренал се наоѓа на јужниот брег на Мајорка и е типичен шпански приморски град со тесните улици, каде се мешаат странските туристи и домаќините до доцна во ноќта. Со оглед на тоа дека се наоѓа во близина на градот Палма де Мајорка и во близина на аеродормот, не никаво чудо што ова гратче станува место на масовен туризам.

Пуерто де Алкудиј е летувалиште на североисточниот шпански остров Мајорка. Идеално е за семејства и млади двојки. Најсилен адут се преубавите плажи, а местото е во центарот на ноќните забави.

27_04_Majorca-Spain6

- Реклама -