Мајмунското селфи предизвика скандал со „Википедија“

Онлајн енциклопедијата одбила да ја отстрани фотографијата, бидејќи авторските права му припаѓаат на мајмунот.

На најголемата светска онлајн енциклопедија „Википедија” и се заканува тужба за авторски права, откако одбила да го тргне од сајтот селфито на мајмун , пишува ” Дејли мирор “.

Тужител е фотографот Дејвид Слејтер , со чиј што фотоапарат мајмунот го направил својот автопортрет.

Слејтер бил на екскурзија во Индонезија за да фотографира. Еден од мајмуните сепак ја грабнал неговата камера и почнал да си игра. На еден од кадрите успеал да направи „селфи“.

S

Тој го закачил селфито на лична страница и тоа стекнало  популарност низ целиот свет.

Сликите дојдоа до бројни весници и списанија во светот, а работата на Дејвид Слејтер се претвори во интернет сензација.

Селфито на мајмунот било поставено и на “Викимедија”, како дел од „Википедија“ и сите обиди на фотографот да ги натера администраторите на енциклопедијата да го тргнат од сајтот наишле на сериозен отпор.

Мотивот на “Викимедија” да одбие да ја тргне сликата од страната е дека таа не е плод на авторските права на фотографот, туку на самиот мајмун.

Според Слејтер пропуштените  придобивки од сликата изнесуваат 12 илјади евра  и тој се заканува тужи организацијата зад сајтот “Викимедија”.

Од “Википемија” во меѓувреме го објавија и извештајот за транспарентност , во кој може да се провери колку барања за отстранување на содржина се добиени и одобрени за периодот јули 2012-јуни 2014 година . Од него станува јасно дека од сите 304 барања не е одобрено ниту едно.

Како и да е, овој случај отвори интересна правна дебата, на темата „Австорски права“

majmin

- Реклама -