Мајмунски работи во селото на мајмуните

monkeys

Пред нешто повеќе од 10 години, селските власти на Сјанфенг, во провинцијата Сечуан, дојдоа до неверојатна идеја (или барем така мислеа) како да привлечат туристи во селото. Околните шуми и планини беа природно живеалиште на мајмуните макаки, па селаните сакаа да го искористат тоа и да се прочујат ширум Кина како „село на мајмуните“.

Првата фаза од планот беше да се намамат мајмуни во селото. Целата операција траеше 48 дена. Во тој период, во селото дојдоа повеќе од 70 мајмуни. Животните полека се привикнуваа на луѓето, луѓето полека се привикнуваа на животните, а туристите почнаа да го посетуваат селото. Набрзо, Сјанфенг стана своевидна атракција, баш како што замислуваа селаните.

1466033380387[1]

Арно ама, и најдобрите планови имаат свои маани. Неколку години подоцна, мајмуните почнаа неконтролирано да се размножуваат, па во еден момент нивниот број достигна околу 600. Во меѓувреме почина и идејниот творец на целиот план – Жу Женгуи, кој воедно и се грижеше за мајмуните, а селаните сфатија дека тие веќе нема да можат да хранат толку многу мајмуни. Кога и титулата „туристичка атракција“ престана да им носи пари, селаните решија дека е време да се збогуваат со мајмуните – почнаа да ги изгладнуваат, со надеж дека животните ќе си заминат. Ама макаките имаа други планови.

Мајмуните толку многу навикнаa на новиот дом, што беа спремни на сé, само за да останат во селото. Очекувано, почнаа буквално да ги тероризираат селаните, да им ги јадат посевите, да им крадат храна, а и да им ги кршат прозорите на куќите во обид да влезат внатре. Очигледно, кога пред 10 години селаните размислуваа за позитивните ефекти од соживотот со макаките, не ни помислуваа на можните последици, инаку ќе беа внимателни, особено заради фактот што макаките во Кина се заштитени со закон. Со други зборови, селаните немаат многу избор околу тоа што можат и што смеат да направат.

monkey_22-xlarge_trans++hJpcTaDycYqZzDAOAUJ79Rr7SXN9XcHjUyNK1YbDdxA[1]

Затоа, жителите на Сјанфенг побараа помош од експертите, молејќи ги за решение. Овие направија сé што знаеја и умееја, поставвувајќи секакви замки ширум селото. 300 мајмуни беа фатени и вратени во нивното првобитно живеалиште. Но преостанатите 300 останаа во селото и сé уште константно се размножуваат, доведувајќи ги селаните до крајот на нервите. Меѓутоа, сé што пробаа, колку и да се трудеа, Сјанфенг не успеа да се реши од мајмуните. Крајната пресуда на експертите е дека макаките се одлучни да останат во селото, а луѓето, сакале или не, ќе мораат да научат да живеат со нив, и така ќе биде сé до моментот кога овие самите нема да одлучат да си одат. А дали воопшто ќе се случи тоа – никој не знае.

Можеби Сјанфенг не замислуваше ваква популарност, но баш таква доби ширум Кина. Многумина ја сфатија приказната како една од најголемите поуки – дека со природата нема играње, а особено не со мајмуните.

1466033380387[1]

- Реклама -