Мајли Сајрус конечно призна дека ѝ е потребна помош

Најпосле го призна она што веќе секој го знае!- „Потребна ми е помош!“
На насловната страница на „ In Touch“ Мајли Сајрус се појавува со изјавувата „Потребна ми е помош“. Освен тоа, пишува и како 20-годишната пејачка променила четири момчиња за само четири недели.

Untitled-19

По сѐ изгледа дека Мајли не може да ја преболи разделбата со својот бивши свршеник Лиам Хемсвурт, па сега е подива од било кога. „Мајли многу го сакаше Лиам и навистина се трудела нивната врска да успее. На крајот, сепак се разделија. Во моментов се обидува да не мисли многу на тоа“, изјавува извор близок до младата ѕвезда.

Точно е дека младата ѕвезда во моментов се наоѓа под голем стрес и притисок, па и не нѐ изненадува нејзиниот, навистина зрел заклучок дека сепак ѝ е потребна помош.

- Реклама -