Ова е врвот што можеше да го направи по провокативните настапи и спотови. 20-годишната пејачка Мајли Сајрус го објави новиот спот за песната Wrecking Ball во кој се појавува сосема гола.
Станува збор за емотивна балада на која Мајли не ги крие солзите, но ни дел од телото. Славниот Тери Ричардсон го сними спотот во кој пејачката се ниша на голема топка која урива се пред себе. Симболично или не, Мајли се разголе и спремна е на сите да им покаже дека одамна не е малата Хана Монтана.
Погледнете го спотот