Кетрин Зета Џонс е бесна на сопругот Мајкл Даглас, бидејќи очигледно флертува со Еванџелин Лили, ѕвезда од серијата „Изгубени“.
Зета Џонс овие денови има причина да биде љубоморна. Додека нејзиниот сопруг го поминува секој ден на снимање на новиот филм, наоколу се шират гласини дека тоа многу му одговара.
Имено, се зборува дека меѓу Мајкл (70) и неговата помлада партнерка на Филмот Еванџелин (35) постои хемија. На актерката изгледа не и пречи фактот што е оженет, ниту пак што таа е во сериозна врска.
Откако, го поминаа летото раздвоено, Даглас и Зета успеаа да се смират.
Сега е на повидок нов предизвик за нивниот брак и ќе видиме како ќе заврши оваа приказна. Дали ќе остане само озборување, или ќе причини нова разделба, овој пат, можеби засекогаш.