да ги пренесат нивните психијатриски проблеми на своите деца“ – се вели
во едно Американско истражување деновиве.
Децата на мајки кои се успешно лекувани од депресија видно ги намалиле нивните ризици да развијат психолошки пореметувања за време на растот, додека континуираната депресија кај родителот го зголемува ризикот кај децата за вакви проблеми.
„Ако имате депресивна мајка, треба да сторите се во вашите можности да направите таа да се чувствува подобро бидејќи постои опасност од двоен ефект.“
„Депресијата можеби е генетско пореметување, но сепак силно влијание има и околината. За детето, болеста на родителот е ефект од големо опкружувачко значење.“ – изјави авторот на оваа студија Мирна Вајсман.
Истражувањето изведено од 2001 до 2004 година било основано на 151 мајка/дете парови кај отпуштените пациенти од неколку психијатриски клиники.
Студијата истотака го потенцира белегот на депресијата врз целата фамилија:
„Знаеме дека депресијата влијае не само на лицата кои патат од неа, туку и на целата фамилија. Истражувањето покажа охрабрувачки резултати – ако мајките ја подобруваат својата состојба, истото се случува и со децата. Кој не сака здраво дете?“