Загрижена млада жена со мало бебенце чека во гинеколошка ординација подолго време. Конечно и дошол редот, па со брз чекор влегува кај докторот.
-Добар ден докторе. Имам сериозен проблем и очајно ми треба вашата помош. Бебенцево уште нема наполнето година дена, а јас повторно сум трудна! Навистина не сакам да имам второ дете сега. Одвај излегувам на крај со ова, второ дете би ме истоштило до крај.
Додека младата жена му зборела на докторот, тој трпеливо ја сослушал, но и ја анализирал.
-Во ред, знам дека растењето на деца е истоштувачко, но што сакате од мене сега?
-Сакам да абортирам, не сакам да бидам трудна и сметам дека вие ќе ми помогнете!
Докторот малку се подзамислил и после подолга пауза, ја погледнал младата жена во очи и одговорил:
-Јас имам подобро решение за вашиот проблем а и помалку е опасно за вас!
Жената се издишила, помислила дека докторот ќе и изврши абортус. Но уште пред да успее да го праша за деталите, докторот ја прекинал:
-Многу пологично е, доколку сакаш малку да се одмориш и да немаш две бебиња во исто време, да го убиеме ова бебе што го држиш во рацете. На овој начин ти ќе се одмориш неколку месеци пред да се роди другото. Веќе кога си наумила да убиеш едно дете, не е важно кое. И да те потсетам, овој избор е многу по сигурен за твоето здравје.
Младата жена започнала да вришти во неверување:
-Не докторе! Тоа е страшно! Па тоа е злочин да го убијам своето чедо!
– Се согласувам со вас! -рекол докторот -Но пред малку вие побаравте од мене совет, а мене тоа ми се чинеше како најлогично решение за вашиот проблем.
Настанала тишина. Младата жена се загледала во подот молчејќи. Докторот се насмевнал и ја испратил до вратата збунетата жена. Тој успеал да ја увери младата жена дека нема разлика помеѓу убиството на роденото и нероденото дете. Злочинот бил ист!