Мајката на тепаното бебе ќе одговара за родителска неодговорност

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 20-годишната мајка на малтретираното бебе кое сè уште закрепнува на скопската клиника.

Таа во периодот пред да биде бебето примено во болница, го оставала без надзор и грижа, при што се здобило со телесни повреди. На Ургентниот центар бебето било донесено со видливи повреди по главата и телото.

По пријавувањето на настанот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле разговор со К.М. во кој таа појаснила дека на 15.06. годинава, заедно со нејзиното дете го напуштиле нивниот семеен дом во Скопје каде што престојувале со фамилијата на нејзиниот невенчан сопруг, бидејќи тој бил на издржување на казна затвор во КПУ „Скопје“ Скопје.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Таа на 7 јули побарала од лицето со иницијали Т.Ј. да ја однесе во посета на невенчаниот сопруг, но кога видел дека детето има сериозни повреди, веднаш ги префрлил во Ургентниот центар.

Во местата каде мајката престојувала изминатиот период е извршена обработка од страна на крим-техника. Во некои од местата имало траги од крв, што дополнително треба да се вештачи за да се открие потеклото.

Во меѓувреме, на мајката ѝ е одземено старателството, а на бебето му е доделен социјален работник во улога на старател и неговата судбина ќе се решава откако ќе биде стабилизирана целокупната здравствена состојба.

- Реклама -