Мајката на Пеле сè уште не знае за неговата смрт

Дона Селесте Арантес, мајката на легендарниот бразилски фудбалер Пеле, пред неколку недели наполни 100 години и сè уште не знае дека го загубила својот син.

Според зборовите на најблиските, 100-годишната Селесте не е свесна за тоа дека починал син ѝ.

„Разговараме, но таа не е свесна. Таа живее во свој свет. Ги отвора очите само кога ќе го кажам неговото име и дека треба да се молиме за него. Сепак, мајка ми не знае точно на што мислам“, вели сестрата на Пеле.

- Реклама -