Сликарката Ленка Клејтон често треба да одзема најразлични предмети од устата на нејзиниот син, пишува Design Taxi.
Интересното бебе секогаш наоѓа што да стави во устата и демонстрира прилично сестрани вкусови.
Така меѓу предметите се копчиња, печурки, монети и дури кеси чај.
Повеќето од нив за среќа се безопасни, но понекогаш будната мајка морала да вади опасни работи како остри метални предмети и завртки.
Досега таа е извадила точно 63 предмети кои ги документирала во книга со илустрации, насловена 63 Objects Taken From My Son’s Mouth.