Мајами го возвраќа ударот (видео)

Мајами Хит ја совладаа Индијана Пејсерс со 101:93 на гостински терен и ја израмни плејоф серијата на 2:2, возвраќајќи го ударот по двата претходни порази.


Водечкиот тандем на „Жешките“, Леброн Џејмс – Двејн Вејд, овојпат беше на висина на задачата и не дозволи уште еден пораз со кој многу ќе се намалеа шансите за пласман во следната рунда од плејофот. Леброн испорача 40 поени, а Вејд уфрли 30 и им ставија до знаење на ривалите дека Мајами е сепак „прежежок“ за така лесно да го совладаат.

Индијана на почетокот влезе во добар ритам и поведе со 9:0, но тоа беше знак да се разбуди Леброн Џејмс, а потоа и Двејн Вејд. Леброн константно го торпедираше противничкиот кош, а Вејд се разбуди во втората и во третата четвртина кога Мајами создаде солидна предност што успеа на крајот да ја претвори во сигурен триумф.

{youtube}cm0og3B3xGw{/youtube}

На „кралот Џејмс“ му недостигаше само една асистенција за трипл-дабл, оствари девет, но затоа беше импресивен со бројот на поените, 40 и скоковите, 18. Вејд постигна 30 поени, а имаше и девет скока и шест асистенции, давајќи одговор на критиките што му беа упатени откако имаше катастрофален шут на минатиот натпревар. Двоцифрен број поени кај Мајами постигна и Удонис Хаслем, вкупно 14. Во редовите на Индијана најефикасен беше Дени Гренџер со 20 поени, Дарен Колисон постигна 16, а Пол Џорџ – 13.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -