Магнетското поле на Земјата ќе се преврти многу побрзо отколку што мислевме

„Северниот пол“ (магнетскиот север) се превртел пред еден милениум. Поточно, пред 789.000 години, северниот пол лутал околу Антарктикот цели 3000 години, пред конечно да се преврти и да ја заземе ориентацијата што ја знаеме денес, некаде во Арктикот.

Магнетните полови на Земјата си ги имаат заменето позициите многу пати во текот на 4.54-билиони-годишната историја на планетата. Досегашните истражувања покажаа дека процесот на замена се случувал низ долги временски периоди, а веројатно траел и по неколку илјади години. Но, едно ново истражување покажува нешто сосема поинакво – дека замената на половите може да се случи многу побрзо отколку што мислевме и дека можно е магнетскиот северен пол да мигрира на Јужниот Пол за само еден век.

Научниците од Универзитетот на Калифорнија, ги датирале езерските напластувања во Италија, кои се директни сведоци за последната замена на половите, онаа од пред 786.000 години. Откритијата се, во најмала рака, изненадувачки. „Она што е неверојатно е што сме преминале од обратен поларитет до нормално поле, без ништо во средината на тој процес, што значи дека морал да се случи многу брзо, веројатно за помалку од 100 години“, вели ко-авторот на студијата, Пол Рене. „Не знаеме дали следната замена ќе се случи ненадејно како оваа, но исто така не знаеме ни дека нема“.

worldmap

Без разлика на брзината, факт е дека следната замена на половите може да се случи порано отколку што мислевме. Геофизичарите веќе истакнаа дека магнетското поле на Земјата, во последно време, слабее побрзо од очекуваното, што ги натера да заклучат дека целосен пресврт може да се случи поскоро, наместо подоцна. Сепак, нема место за паника. „Поскоро“, во овој случај, значи дека замената се очекува во следните два милениума.

Инаку, научниците немаат најдено било какви докази дека претходните превртувања на половите предизвикале било каква штета по жителите на Земјата. Сепак, пресвртот на магнетските полови би можел да влијае на модерната технологија, особено на електричната мрежа. Во таков случај, како што се вели во истражувањето, пореметувањето би било проблем за само една човечка генерација, не повеќе.

- Реклама -