Магијата на aurora borealis (видео)

Со последните денови од зимата и првите пролетни сончеви зраци шансите да ја видите магичната поларна светлина се сѐ помали. Затоа, фотографот Тор Евен Матисен ја овековечи величенствената aurora borealis со својата камера.

Најдобар период за уживање во поларната светлина е од септември до април, па токму тогаш големиот број вљубеници во Скандинавија го посетуваат северот на Европа. Најупорните знаат дека светлината е најсилна околу полноќ, кога на небото се појавуваат неверојатни бои кои го одземаат здивот. Најубава глетка има од пределот над арктичкиот круг.

 

 

 

 

- Реклама -