Длабоките природни дупки се мошне честа појава во Мексико, но Ценоте, во Чичен Ица е една од најпрекрасните.
Двете јами кои пленат со својата необичност и магичен амбиент, се магнет за туристите кои сакаат да ужуваат во природните богатства.
Чичен Ица бил важен град во цивилизацијата на Маите. Светото Ценоте освен што претставува природно чудо, е и значајно историско место. Овие дупки во минатото биле најчесто посетувани од страна на верниците, кои освен што жртвувале скапи предмети, понекогаш жртвувале и луѓе во чест на богот на дождот.
Голем број на добро сочувани материјали подоцна беа пронајдени во дното на јамата.