Двете интелигентни и креативни дами, основачи на инженерскиот „бутик“ RockPaperRobot додадоа уште еден дел во сложувалката – иновативни кинетички дизајни на мебел и куќно осветлување.
„The Float Table“ e уникатен концепт што ги соединува физиката и модерниот дизајн. Составена е од мрежа од „магнетизирани“ дрвени коцки што се урамнотежуваат со помош на флексибилни челични кабли. Изгледот лаже: рачно изработените дрвени коцки прават навидум да изгледа како груба и неподвижна маса, но всушност, со слабо подбутнување масата добива динамичен и флуиден карактер. Што да се каже друго, освен дека масата изгледа како да е навистина магична. Погледнете и сами: