На некој начин, тој е магионичар. Неговите скулптури се зајакот, а металната жица е магичната шапка од која произлегуваат. Парк Сунг Мо е уметник што изработува неверојатно детални 3Д портрети и скулптури, само од метална жица. Самата помисла на тоа колку време и труд вложува е запрепастувачка.
Неговите дела се поделени во 3 „области“.
Колекцијата „Object“ се состои од широк репертоар на музички инструменти, апстрактни форми и интерпретации на антички скулптури, и многу алуминиум и бронза.
„Human“ е серија на машки и женски фигури кои даваат изглед дека се направени од само една непрекината нишка, безброј пати превиткана во спирали. Контрастот помеѓу мазноста на човечкото тело и меката хаотична природа на влакната и косата е нешто што тешко се опишува. Во некои од подоцнежните дела, оди дотаму што го имитира начинот на кој ткаенината од облеката лежи на човечките тела; и тоа толку успешно, што човек би помислил дека во скулптурите се кријат вистински луѓе.
Серијалот „Маyа“ пак, се состои од фотографии што Парк ги проектира на мрежа од метални жици. Формите ги добива со сечење и кратење на жиците. Овој процес се повторува на повеќе слоеви, кои потоа се слеваат во една фотографија, давајќи и тридимензионален холографичен ефект и фотореалистични сенки. Тешко дека фотографиите што следуваат во целост ќе го доловат реализмот, како што Парк Сунг го прави без проблем.
И за крај, авто-портрет од генијалецот лично.
Повеќе од неговите дела можете да најдете на неговиот веб-сајт.