Магична течност: За што сѐ служи оцетот?

Оцетот не служи само како додаток во салатите. Може да го искористите и на косата, облеката, во автомобилот…Нешто ви е чудно? Прочитајте за што сѐ може да ја употребите ова магична течност од кујната.

1. Непријатен мирис во автомобилот

Мало шише со оцет оставете го отворено во багажникот. Ќе ги отстрани сите непријатни мириси.

2. Коса

itchy scalp

Причината за проблемите со косата по едно попладне поминато на базен не е хлорот, туку остатоците од бакар кои стигнуваат во водата преку цевките. Ако твојата коса изгледа чудно, измиј ја со мешавина од 1/4 шолја оцет и вода.

3. Облека

Белиот оцет е средство за отстранување на дамките од облеката. Додај една шолја оцет во машината за уште поголема белина на алиштата, за отстранување на насобраниот детергент внатре во машината и дополнително решавање на непријатните мириси од облеката.

4. Болка

47c808125e2441eeb977ba2c3bd06384

Едно австралиско истражување откри дека оцетната киселина е многу ефикасна против раните предизвикани од медуза.

5. Дамки од рацете

Дамките на рацете од вишни, малини, капини, боровинки и цреши може да ги исчистите ако по миење со сапун ги исплакнете рацете со оцет.

- Реклама -