Магдоносот ги лекува бубрезите

Проблеми со мокрење, промена на бојата на урината, болки во пределот на бешиката и бубрезите, се први знаци на заболување на уринарниот тракт. Болестите на бубрезите на почетокот не мора да имаат изразени симптоми, па пациентот може нормално да функционира, но кога болеста напредува, болките стануваат многу јаки.

За да ги ублажите користете магдонос. Еве како:

-Три лажици исецкан корен и суви листови магдонос прелијте со половина литар студена вода и гответе 10 минути. Поклопете со капак и оставете да отстои 15 минути, исцедете и пијте три пати дневно по една шолја.

Parsley (3)

-Девет главици кромид со лушпа гответе во пет литри бело вино додека не изврие половина течност. Исцедете, пресипете го остатокот од течноста во помал сад и гответе уште еден час. Кога ќе се излади, пресипете во стаклено шише и секое утро на празен стомак пијте по една лажица од овој сируп.

Што го исфрла песокот?

-Измешајте 100 грама свеж магдонос (и коренот и листовите) со 50 грама ситно исецкан корен целер. Додајте 100 грама мед и 100 милилитри вода, па гответе постојано мешајќи. Кога ќе почне да врие, тргнете го тенџерето од оган, исцедете и оставете да отстои три дена.

CRNA-ROTKVA-100-SEMENA-LEKOVITO_slika_O_6998465

-Изрендајте црна ротквица и оставете да стои два-три часа. Исцедете го сокот и пијте три пати дневно по 0,5 дл, 20 – 30 денови.

 

- Реклама -