Poitou регионот во Франција е дом на уникатен вид на долговлакнести
магариња кои речиси изумреа пред триесетина години. Запознајте го
Poitou-то – раста магаренце.
Poitou регионот во Франција е дом на уникатен вид на долговлакнести магариња кои речиси изумреа пред триесетина години. Запознајте го Poitou-то – раста магаренце.
Poitou-то е во основа магаре со суканици кое припаѓа на видот Equus asinus. Изгледа како да е генетски модифицирано за да ги задоволи каприците на ќерката на некој билионер (иако тоа не е далеку од вистината – поради својата цена ова ретко магаренце може да ги задоволи само каприците на богатите), всушност ова долгокосо магаренце живее и се користи за работа во овој регион стотици години наназад.
Poitou-то е одгледувано за приплод, што е традиција во овој регион, за да се извезува овој вид во светот. Во 1977-та постоеа само 25 Poitou магаренца во светот. Денеска, благодарејќи на програмата за зачувување има околу 1000 и изгледа дека овие убави и пријателски животинчиња ќе останат уште некое време на нашата планета. [The Dreadlocked Donkey: Back From the Brink ]