Мафини од стар леб

Уште еден одличен начин да го искористите стариот леб.
Состојки:

200 г. стар леб

150 г. шампињони

100 г. шунка

70 г. фета сирење

80 мл. млеко

3 јајца

2 лажици масло

сол, бибер

Подготовка:

Шампињоните издинстајте ги на малку масло додека не омекнат. Изматете ги јајцата со млекото, па во нив потопете го лебот исецкан на коцки. Добро промешајте и оставете лебот да ја упие сета течност.

Смесата помешајте ја со печурки, шунка и иситнето фета сирење, па наполнете ги калапите за мафини.

Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.

- Реклама -