Мадона неодамна им откри на своите фанови дека во 2014 ќе издаде нов албум, сака да се клонира, но и дека има влажни соништа за Бред Пит.
„Живеевме заедно, а со нас во креветот имаше и едно мало русокосо дете. Жал ми е за Анџелина, сепак, беше тоа само сон“, изјави Мадона, која во разговор со обожавателите откри и многу повеќе.
Таа смета дека нејзиниот албум „Американ Лајф“ не наишол на добри критики, бидејќи на него имало бројни контроверзни нешта.
„Ја критикував американската политика, работата во Холивуд. Бев лошо расположена во тој период. Можеби претерав, но во таква фаза бев“, вели таа.