Мадона го навредува поранешниот во својата нова песна

Пејачката Мадона го нападна поранешниот дечко Брахим Зајбат во својата нова песна.Мадона упатува навредливи реплики кон својата колешка Лејди Гага и кон поранешниот сопруг Гај Ричи во текстовите на песните од претстојниот  албум.

Брахим станува предмет на навредливи зборови во песната Unapologetic B *** h. Според весникот “Сан” песната ги  исмева сексуалните способности на танчерот, како и неговата финансиска состојба. Двајцата се разделија минатата година по 3-годишна врска.

 

Во песната за Брахим Мадона пее: „Знам дека ќе ти се допадне, ако седам дома и плачам. Но, тоа нема да се случи, бидејќи  кога  правевме, ќе  признаам, не бев задоволена”. Рефренот е во реге стил, а на крајот пејачката ги упатува најтешките  навреди против својот поранешен партнер. Се проценува дека 13-тиот студиски албум на Мадона, кој сеуште нема име, ќе излезе на пазарот оваа година.

„Мадона може да ги пушти првите песни уште во ноември”, велат блиски до пејачката.

- Реклама -