Мачнината при движење настанува кога мозокот прима конфликтни информации од деловите на телото кои се одговорни за чувството за движење – внатрешното уво, очите и нервите во екстремитетите.
Замислете го малото дете коешто седи на задното седиште од автомобилот и нема можност да гледа надвор преку прозорецот. Внатрешното уво на детето ќе го почувствува движењето, но тоа нема да го направат неговите очи и зглобови. Резултатот е гадење во стомакот, ладна пот, замор, вртоглавица, загуба на апетит или повраќање.
Не е сè уште јасно зошто некои деца се поосетливи при патување со автомобил за разлика од други. Со овој проблем не се зафатени малите бебиња и децата до две годишна возраст, но децата од 2 до 12 години се особено сензибилни по ова прашање.
Превенција:
- Зборувајте му на детето што повеќе да гледа низ прозорецот од автомобилот и да не се фокусира на читање книги или играње игри. Ако е можно, планирајте го патувањето навечер, кога е вообичаеното време за заспивање на детето.
- На детето не му давајте зачинета и мрсна храна пред и за време на патувањето. Ако патувањето е кратко, прескокнете ја храната. Ако патувањето е долго или детето мора да јаде, пред почетокот на патувањето дадете му крекери и мал пијалак.
- Соодветната вентилација во автомобилот може да ја спречи мачнината. Исто така, не прскајте парфеми и дезедоранси во возилото за време на возењето.
- Обидете се да му го одвлечете вниманието од лошењето со зборување, слушање музика или пеење песни во автомобилот.
- Ако детето има повеќе од 2 години и планирате долго патување, можете да земете ОТЦ лекарства кои што го превенираат лошењето. Драмаминот е дозволен за деца постари од 2 години, додека Бенадрилот е дозволен за деца постари од 6 години. Пред давањето на лекот, внимателно прочитајте го упатството, одредете ја правилната доза и подгответе се за можните несакани ефекти од овие лекови како што е поспаноста.
Ако на детето започнува да му се лоши, запрете го автомобилот на најблиското можно место и оставете го детето да излезе и да прошета. Исто така, може да легне на грб во автомобилот и да лежи неколку минути со затворени очи.
Ако овие совети не можат да помогнат, консултирајте се со педијатар за други можни опции.
Објавено во соработка со За Здравје.