Мачкава не сака да се бања и тоа јасно го кажува… со акцент на „кажува“ (ВИДЕО)

Тек-тук и ќе се најде некоја мачка што толерира или чувај боже сака вода, ама Tigger дефинитивно не е од тие. Тој е од тие што ќе ви остават лузни за цел живот при секој обид за бањање, приморувајќи ве редовно да ја преиспитувате својата љубов кон него и дали заслужувате и треба ова (него) да го трпите.

Но не зборуваме за физички лузни, како гребаници од ноктите доволно длабоки за да изгледате како да сте сечеле вени. Зборуваме за емотивни лузни, зошто Tigger буквално звучи како да плаче и да вика „Неее! Неее! Нееее! Неее! Нееее! Нееее! Неее! Неее! Нееее! Неее! Нееее! Нееее!“

… и така до бескрај, или додека не се откажете од тоа да го избањате.

- Реклама -