Мачка се омачила и посвоила мала верверичка

 

Само неколку дена откако се омачила една мачка посвоила уште деца – мали верверички.

Фармерот, кој е нејзин сопственик ги поставил фотографиите од необичната фамилиjа која ја сочинуваат мајка мачка, три мачиња и две верверички.

Според неговите зборови, мачката најпорво пронашла една малечка верверичка која треперела и ја однела дома.

Немало ни трага од неjзината мајка, па фармерот повикал ветеринар.

„ Ветеринарот ни кажа дека ако мачката се породила неодамна, постои голема веројатност да се грижи за верверичката. А токму тоа се случи“, вели тој.

1

Неговата мачка ја прифатила малата  верверичка како да е нејзино маче, го хранела, чистела и галела, но тоа не било крај.

 

Таа два дена подоцна се појавила со уште едно напуштено мало вервериче кое го сместила меѓу останатите.

Мачката, нејзините мачиња и верверичките спиеле заедно во исти кревет на куќа во фармата.

222

- Реклама -