Лутото го продолжува животот?

Употребата на луто може да го продолжи животот, покажуваат резултатите од седумгодишно истражување во Кина.
За тоа време научниците го анализирале менито на речиси 500 000 луѓе и утврдиле дека за оние кои јадат лута храна еднаш до три пати неделно, ризикот од смрт бил за 10% понизок отколку за луѓето кои што користеле зачинета храна помалку од еднаш неделно.

Меѓудругото, кај оние кои вклучувале луто од три до седум пати во неделата, ризикот од смрт се намалил за 14%.

Според истражувањето, објавено во списанието The BMJ, може да се укаже само корелацијата, но не и каузалноста. Сепак, меѓународен тим автори, на чело со научници од Кинеската академија на медицински науки смета дека идните истражувања можат да доведат до измени на диеталните препораки .

Во своја статија Нита Фороухи  од Кембриџ Универзитетот забележува дека претходните истражувања веќе шпекулираат за позитивното влијание на чили пиперките и неговата биолошка активна состојка капсаицинот, вклучувајќи ги и неговите оксидантни, антиинфламаторно и антиканцерогено дејство.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Истражувачите го откриле и позитивниот ефект на чили за цревната микрофлора и неговата ефикасност при спречување на дебелината .

„Потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали употребата на лута храна има потенцијал за подобрување на здравјето и намалување на смртноста директно, или тоа е само маркер за други фактори на исхраната и начинот на живот”, пишува Фороухи.

Од друга страна, професорот по применета статистика Кевин Маккенвеј од Слободниот универзитет (Велика Британија) предупредува дека добиените податоци за жителите на Кина може да се неприменливи кон Европејците поради големите разлики во начинот на живот, исхраната, социјалните односи и друго.

Можно е клучен фактор да се покаже она што Кинезите го јадат или пијат истовремено со лутата храна, или особености во однесувањето што се карактеристични само за нив .

Во секој случај Маккенуеј забележува дека истражувачите пронашле врска помеѓу лутата храна и намалувањето на ризикот од смртност само кај учесници, кои воопшто не користеле алкохол.

- Реклама -