Луис Хамилтон има долг од над 8 милиони евра.

Шест години по отворањето на синџирот за вегански бургери, Луис Хамилтон, Леонардо Дикаприо и Тибо Куртоа беа принудени да ги затворат вратите. Ресторанот „Neat Burger“, каде што возачот на Формула 1 беше најголем инвеститор, заедно со познатиот актер и голманот, претрпе големи загуби.

Според документите поднесени до британските органи, доброволно било одлучено ресторанот да се затвори на 22 јули. Хамилтон го започна „Neat Burger“ во 2019 година, кратко откако се префрли на веганска исхрана.

Првиот ресторан беше отворен во Лондон, а потоа се прошири на други локации низ светот, вклучувајќи ги Милано и Њујорк. На својот врв, компанијата имаше осум продавници само во Лондон. Сепак, забележани беа финансиски загуби од 7,86 милиони фунти или над 9 милиони евра во 2022 година.

И покрај тоа што Ди Каприо и Куртоа се вклучија како помали инвеститори, нивните имиња не успеаја значително да го подобрат статусот на компанијата. Хамилтон останува да ги исплати долговите преку своите заработки во Формула 1, но оваа година не му оди сѐ според планот во Ферари.