Lumia 530 – најевтиниот паметен телефон со Windows 8.1

Nokia официјално го објави Lumia 530 – новиот најевтин паметен телефон на компанијата.Nokia Limia 520 беше најпродаван телефон со Windows ОS и  интересот  кон неговиот наследник стана прилично голем.

Lumia 530 има 4-инчен дисплеј со резолуција од 400 x 854 пиксели. За разлика од повисоко позиционираните модели на брендот, тука недостасува Clear Black и  IPS технологија.

Смартфонот користи  quad-core Qualcomm Snapdragon процесор, што  работи на 1.2 GHz, поддржан со видео-картичка Adreno 302 и 512 MB Рам меморија. Слободен простор има само 4 GB, но Lumia 530 поддржува MicroSD картички до 128 GB, како и можноста за пренесување на апликации на мемориската картичка. Новиот паметен телефон доаѓа со  5 мегапикселна камера.

Додека хардверот на новиот смартфон не е значително надградуван во однос на неговиот претходник, во софтверскиот однос работите изгледаат многу подобро. Lumia 530 доаѓа со Windows OS 8.1, како и целосната меѓународна верзија на еден од најдобрите софтвери за навигација – Nokia Drive +.

Nokia Lumia 530 ќе има верзија со една и две SIM картички, а двата модели ќе бидат достапни во август по  цени од € 85 до € 100.

- Реклама -