Една американска компанија почна да прави резервации за своите ултралуксузни бункери, во кои беше вложено 10.000 милиони долари, а кои треба да ги згрижат оние со подлабок џеб доколку се случи крај на светот. Бункерите се дизајнирани така што во нив, во куќна атмосфера и без ништо да им недостасува, можат да живеат 200 луѓе една година после нуклеарен напад.
Една американска компанија почна да прави резервации за своите ултралуксузни бункери, во кои беше вложено 10.000 милиони долари, а кои треба да ги згрижат оние со подлабок џеб доколку се случи крај на светот. Бункерите се дизајнирани така што во нив, во куќна атмосфера и без ништо да им недостасува, можат да живеат 200 луѓе една година после нуклеарен напад.
Бункерот е супер удобен, а освен на атомски бомби отпорен е, како што се наведува, на билошка војна, глобално цунами, соларни „бомби“ од Сонцето, комети, активирање на супервулкани…
Го дизајнираше калифорниската фирма Vivos, а бункерот се простира на површина од 1.850 квадрати, поседува систем за создавање енергија, бунари со филтрирана вода, медицински оддел, соби со компјутери, па и заедничка просторија обезбедена со голем LCD телевизор. Единствено се поставува прашањето како ќе добијат интернет и дигитален ТВ сигнал после нуклеарен напад или масовна поплава.
Како и да е, Vivos изгради мрежа од луксузни бункери долж САД и сега ги продаваат местата во нив. Достапни се пет тајни локации, а сместени се на 30-40 метри под површината на земјата. Наводно, едно од скривалииштата е изградено во калифорниската пустина Мохаве. Семејствата кои сакаат да си резервираат место во нив треба да платат 50.000 долари по човек, односно 25.000 долари по дете (за домашните миленици не се плаќа), а со тоа ќе добијат место од нешто повеќе од 9 квадрати, како и пристап до заедничките простории, медицинска и стоматолошка опрема, струја, сала за вежбање….
Оние кои ќе закупат простор во бункерите, единствено ќе можат да ги користат во случај на опасност, инаку не би можеле да живеат или да одат на одмор во нив. Околу една третина од оние кои веќе купиле место се од војската, агенциите за спроведување на законот, сигурноста и опстанокот на подрачјето, велат од Vivos и додаваат дека ако се зами предвид тоа, тие се особено добри во однос на сигурноста и одбраната. Другата третина, според нив, ја чинат медицинските лица и стручњаците за технологија. Тоа се групи кои се соочуваат со катастрофи и свесни се дека владата не може секогаш да ги заштити, велат тие.
Мисијата на Vivos, не е само преживување на човечката раса туку оди и чекор понатака. Со надеж за изградба на модерна Ноева арка компанијата исто така собира ДНК од растенијата и животните за во случај еден ден тие да бидат потребни за нов почеток. Стручњаците велат дека побарувачката за атомски скривалишта порасна заради силните земјотреси, тероризмот и предвидувањата дека крајот на светот ќе се случи во 2012 кога завршува мајанскиот календар.