Луксузна Сваровски јахта наменета само за жени

Дизајнерката Лидија Берсани ја креираше првата луксузна јахта наменета само за жени. Бело-златниот луксузен брод е долг 80 метри и е прекриен со кристали, злато, крзно и цвеќе. Наречен е „Bela“, што во превод значи „убавица“.

„Јахтата е романтична и топла. Доминира белата, бојата на слонова коска и златната. Ентериерот е многу богат и удобен“ – вака на официјалната веб страна е опишана јахтата, која патем е наменета за само 12 гости, кои би биле сместени во шест луксузни кабини.

Главната кабина има кружен кревет со балдахин, приватна тераса, дебели завеси и скапоцен ќилим. На палубата има шанк, како и место за вечера и опрема за жива музика. Очекувано, јахтата располага и со хидромасажен базен, сауна, како и ледени фонтани. Во внатрешноста се сместени и фитнес клуб, џакузи, библиотека со камин, козметички салон, диско клуб, кино-сала и неколку барови.

Секоја од палубите има дел за опуштање и сончање, а меѓусебно се поврзани со скали и лифтови, како вертикални, така и хоризонтални. На врвот на јахтата има хелиодром и златен хеликоптер.

„Уште немаме конечна цена. Идејата беше да се изгради најлуксузната јахта на светот. Сигурно нема да биде ефтина“, вели Берсани.

la-bela-1422968681-613608 la-bele-jahta-luksuz-foto-profimedija-1422966965-613583 la-bele-jahta-luksuz-foto-profimedija-1422966965-613585 la-bele-jahta-luksuz-foto-profimedija-1422966965-613588 la-bele-jahta-luksuz-foto-profimedija-1422966965-613589 la-bele-jahta-luksuz-foto-profimedija-1422966965-613590 profimedija-1422968495-613606

Ете, сега не мора повеќе да размислувате што да и подарите за Св. Валентајн или 8-ми Март. 🙂

- Реклама -