Луксуз по руски терк

Статистиката вели дека јас и Вие живееме во најдобрите времиња во историјата на човештвото, најбогато, со најмногу удобства и привилегии. Кои сме па ние да не и веруваме?

А раперите ќе речат: „Повеќе пари, повеќе проблеми“. Па затоа, ви излегуваме во пресрет со неколку идеи за тоа на што можете да го потрошите вишокот безвредна хартија која непотребно ви фаќа место во домот. Зашто не сме клише и не подлегнуваме на форите (за перење на мозоци) на Западот, инспирација ќе побараме на Истокот, еве на пример – во Русија.

1. Кога живееш како крал, дури и газот ти заслужува кралски третман. Ништо повеќе нема да го израдува од еден удобен, префинет, златен тоалетен престол. Чини само 5 милиони долари.

vllkyt5ai8n6sjsvc.9b1378a3[1]

2. Кога имаш толку пари, ти си практично гласник на боговите – заслужуваш и треба да носиш боксерки/шорцеви од марката „Хермес“, макар што се троа евтини – 500.000 долари.

vllkyt3l0pqsmg9ndg.84ced245[1]

3. Замислете колку убаво би се вклопиле турските серии во златната рамка на овој телевизор од 2.3 милиони долари, која патем е обложена со крокодилска кожа. Нели?

vllkyt70nfghq6jpl.52cf537e[1]

4. Можеби и не играте крикет, ама многу е корисно да ја имате оваа скромно украсена (со 5000+ дијаманти) топка за крикет при рака. Нема да ве чини ништо, во споредба со (кога-тогаш) радоста на вашите соиграчи додека играат со 68.000 долари вреден спортски реквизит.

vllkyt54h3glbdnju.1b1642ca[1]

5. За да ви светка домот како што ви светка карактерот, правосмукалка Electrolux од 19.000 долари, обложена со дијаманти Сваровски. За слугинка се доплаќа по некои 100-200 долари месечно.

vllkyt1csuv88dprk.e3be707d[1]

6. Кога ви е досадно, можете да си направите стотина копии од банковната сметка и да ги хефтате и прехефтувате со златна муниција што чини 90 долари/парче.

vllkyt4pns534ff1v.f9e4db2c[1]

7. Ако добро го организирате, трошењето на парите знае да биде многу забавно, а во сета таа уживанција може да заборавите да ручате. Та-дааа: инстант нудли за само 43 долари, плус вилушка, плус салветка.

vllkyt2bnd491ct2l.b19b5e7d[1]

8. Кога ве мрзи да летнете до Дубаи на по еден златен чај, можете колку-толку да се утешите со чајче од 14.000 долари. Секоја инстант-ќесичка е украсена со дијаманти, доволно за да си ја заблажите душичката.

vllkyt3ggl0npllr9g.620b02cf[1]

9. За совршен пијалок треба совршен мраз. Glace – само за 20 долари од „коцка“.

vllkyt25snualkstg.bded7717[1]

10. Птицата Huia е изумрена уште на почетокот на минатиот век, поради уништувањето на шумите. Тоа треба да ви е причина плус да набавите нејзин пердув, особено што чини само 8.000 долари. Совршен и есенцијален украс за работната просторија, а можете и да си го носите во коса како да сте Индијанец – ви се може.

vllkyt6a2jols256g.c3ac3ebd[1]

- Реклама -